Пристига новиот Facebook систем за коментирање?

Новиот систем овозможува да одговорите на коментар коментар. Наместо да се редат коментар врз коментар, сега коментарите се подредуваат под првиот, зависно од кому му се одговара.

Има и корисничко гласање за коментар. Ако кликнете на зелената стрелка за нагоре, тоа значи му давате глас на коментарот, што значи го искачувате нагоре како најрелевантен коментар/одговор на првиот. Со тоа автоматски му ставате Like. Доколку кликнете на црвената стрелка, повторно му давате глас, но овојпат е негативен, за да се спушти надолу на листата, „да се скрие“ како невалиден.

Друго интересно нешто е што има опција „Post on my Profile“, за постирање на коментарот на мојот ѕид со вести, евентуално со тоа поканувајќи ги и моите Facebook пријатели да коментираат на тој пост или да го видат.

Го немам видено овој систем претходно никаде на мрежата, но претпоставката е дека ако Facebook ги тестира отворено коментарите за сите корисници на својот блог, тогаш големи се шансите наскоро да ги користиме и на профилите.