Пристапете до вашиот Microsoft акаунт преку апликација за автентикација

За поголема безбедност, особено при најавување од туѓи компјутери, Microsoft препорачува да ја користите нивната апликација за автентикација, Microsoft Authenticator, која не само што е побезбедно, туку и побрзо решение.

Достапна за iOS, апликацијата функционира на сличен начин како google sign-in пристапот и за потврдување на вашиот идентитет за каква било услуга од Microsoft (и-меил, OneDrive, Windows Store) не мора да ја внесувате вашата вистинска лозинка.  Имено, откако ќе навлезете во вашата телефонска апликација, овозможете pnone sign-in, преку settings. Нареден пат кога ќе се логирате на вашиот Microsoft акаунт, како од вашата десктоп направа, ќе добиете нотификација преку телефонот за да се одобри пристапот (избирање на опцијата approve).

Ваквото нешто особено се препорачува за зголемување на нивото на безбедност и спречување неавторизирани пристапи. Дополнително, апликацијата може да креира уникатни кодови кои имаат улога на второстепени фактори за автентикација. Разбирливо, доколку не сте задоволни со ваквата постапка, можете да се вратите на стариот начин за пристапување кон акаунтот, но ние дефинитивно сме благодарни што со новиот начин не мораме да ја пишуваме и онака долгата лозинка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии