Пристапете до кој било компјутер со Chrome Remote Desktop

Оние кои се перципирани од останатите како ИТ волшебници добро знаат дека таквото нешто е благослов измешан со проклетство, особено во ситуации кога постојано се бара од вас да им поправите нешто на компјутерот. Во ситуации кога не сакате да одите кај нив, побарајте помош од одличен посредник кој ќе ја отстрани потребата од физичка близина до компјутерот.

Chrome Remote Desktop е екстензија која ви дозволува да пристапите и контролирате кој било компјутер од далечина и тоа преку прелистувачот Chrome. Таквото нешто е исклучително едноставно и сѐ што треба да направите е да генерирате код за пристап преку ектензијата. Кодот го кажувате на другото лице и откако ќе биде внесен на неговиот компјутер автоматски се воспоставува безбедна конекција помеѓу двата компјутери.

unnamed

Ваквото нешто, мора да се сложите, е многу поедноставно, поефикасно и, дефинитивно, поимпресивно од стандардната процедура. Chrome Remote Desktop е алтернатива на популарниот софтвер за далечински пристап TeamViewer.

Од друга страна, Chrome Remote Desktop е подеднакво корисен доколку сакате да пристапите на одредени фајлови од некој ваш подалечен систем, трансформирање на компјутер во веб сервер, или едноставно покренување на некоја игра која ја немате инсталирано на системот пред кој се наоѓате. Уште подобро, управувајте со компјутер преку вашиот мобилен уред! Можностите се неограничени и ваши за тестирање…

1 коментар на “Пристапете до кој било компјутер со Chrome Remote Desktop

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии