Приоритет на SpaceX сега е вселенскиот брод Starship

Image courtesy of SpaceX

По успешната мисија со екипаж и пристигањето на Меѓународната вселенска станица Space X се фокусира на вселенското летало „Starship“. Ова е пораката која Елон Маск ја испратил до вработените во интерна имејл комуникација до која дојде CNBC.

Сметајте дека ова приоритет (со исклучок на сè што може да го намали ризикот при враќање на Dragon) e Starship, вели г. Маск во електронската пошта.

Starship е поголемо летало кое може да се користи неограничен број на полетувања и слетувања. Леталото е во развој од 2019 година, а тестовите се започнати во април 2019 со пртотипот Starhopper. Треба да обезбеди превоз на стока и патници. Освен што може да се користи за „вселенски туризам“, планот е со помош на Super Heavy „booster“ ракетата да патува и до Месечината и Марс.

Засега тестовите на Starship се со поделен успех. Тестовите на помалото летало со Raptor ракета беа успешни, но следните прототипи имаа проблеми. Space X има неколку различни тест прототипи/

Пред едвај една недела Space X ги „испрати“ астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли на Меѓународната вселенска станица.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии