Приклучете се на ФинХакатон на Министерство за финансии

Министерството за финансии на Република Македонија го организира својот прв хакатон. Настанот е во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. За победничките решенија на хакатонот е обезбеден и награден фонд од 1,5 милиони денари. Секако цел на иновациите и решенијата на учесниците ќе биде финансискиот сектор.

„Настанот ќе опфати креација на три софтверски и мултимедијални решенија – веб-апликација, видео и видеоигра. Овој процес покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите“.

Станува збор за 48 часовен предизвик во кој учесниците ќе изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. На учесниците ќе им помагаат ментори од Министерството за финансии, Економскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Она што е интересно се трите решенија, веб-апликација, видео и видеоигра, па ќе биде навистина интересно да се види што ќе направат учесниците.

Кој се може да се пријави?

На настанот може да се пријави секој што има пасија да работи на овие проекти користејќи отворени податоци. Може да се пријави секое лице државјанин на Република Македонија со наполнети 18 години, поединци или тимови.

Зошто да одите на хакатон?

  • Можноста да научите нешто сосем ново и интензивно да работите 48 часа на него
  • Можност да научите нешто ново од некој поискусни од вас
  • Ако немате работни искуство или ако барате работа во нов сектор, можете овие проекти да ги додадете во вашето резиме
  • Можете да најдете ментор кој ќе го цени вашиот ентузијазам и ќе ве вработи
  • 48 – часовна лекција за развој на софтвер. Ништо нема подобро да ве подготви за идните предизвици
  • Чувството по креирање на производ за само 48 часа
  • Луѓето кои ќе ги сретнете таму
  • Искуство со работа во мултидисциплинарни тимови
  • Тука секако се и искуството при работа со нови тимови и презентациите на проектите
  • Ако сте нов на хакатоните, најзначително ќе напредуваат вашите „soft skills“, планирање, однесување со непознати луѓе, вежбање на презентации
  • Никогаш нема да дознаете колку сте добри ако не се тестирате

Јас не сум програмер, што барам таму?

Не грижете се, на хакатоните има потреба од повеќе различни профили учесници. На овој се потребни учесници со познавање на: развој на веб-апликации, дизајн, хардвер, софтвер, но и економија, бизнис и маркетинг, мултимедија.

Што со победниците?

Победниците на натпреварот освен награди, ќе имаат можност и да основаат сопствена стартап компанија.


Натпреварот ќе се одржи од 6 до 8 јули 2018 година во просториите на Министерството за финансии. Сите заинтересирани до 30 јуни може да се пријават за учество на натпреварот на следниот линк.

2 коментари на “Приклучете се на ФинХакатон на Министерство за финансии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии