Приказната на Џереми Лин според спортската симулација NBA 2K2012

На најголем број на гејмери омилени игри им се спортските симулации. Без ралика дали омилен спорт ви е фудбалот, кошарката, автомобилизам или тенис за речиси секој спорт е направена симулација. И без разлика која од спортските симулации ви е омилена FIFA, Pro Evolution Soccer, NBA2K, NFL Madden, Top Spin, Tiger Woods PGA мора да се согласите дека во последниве неколку изданија изгледаат подобро од кога и да е. Графички.

И покрај тоа што се прилично далеку од фотореализам, не само што се подобрени анимациите на спортистите, амбиентот на стадионот и самите стадиони, подобрен е и ликот на спортистите до степен на препознавање и на гримасите кои ги прават. Гејмерите кои играат NBA се сеќаваат на времето кога сите кошаркати ги правеа истите потези: забивања, положување, шут се додека од ЕА не ги поврзаа најпрво со изгледот на телата, а подоцна и со потезите кои ги правеа кошаркарите. Фановите на возачки симулации сигурно се сеќаваат на времето кога возачките симулации повеќе наликуваа на аркадни игри, а денес освен проблемите со контролите поголем дел од возачките симулации се приближуваат до вистинско возење.

Сепак овој текст не е само за квалитетот на спортските симулации. Oвој текст е за делот на спортските симулации во кои не успеваат да го копираат реалниот спорт, а сепак ни изгледаат пореални заради тоа. На пример поразот на Кардиф во финалето на Лига купот не го намалува нивниот успех, ретко кој можеше да го претпостави успехот на Базел во групната фаза на лигата на шампионите или успехот на нашите репрезентации. Ако овие настани се случат во FIFA или во PES сигурно немаше во разговорите да кажуваме за реалноста на симулацијата во која Манчестер не ја поминал групата со Базел и Отелул, туку најверојатно обратно ќе се смеевме на трапавоста на дизајнерите кои ја направиле играта. Сепак ваквите изненадувања во групните спортови кои се заслуга на тимот се помали во однос на изненадувањата на индивидуалниот успех на спортистите.

Една од омилените спортски приказни кои се актуелни е секако е сторијата за бекот на Њујорк, кошаркарот Џереми Лин. Ако некако и се помирите дека во играта ви испаднале од групи тимовите кои се фаворити не верувам дека некој ќе остане рамнодушен на поените кои ги постигнува Лин доколку се случуваа во NBA 2K12.

Ако случајно не сте запознаени со приказната на Џереми Лин еве ја накратко. Лин влезе во лигата лани како најдобар кошаркар од тимот на Харвард. Во тимот на Њујорк од почетокот на сезоната речиси не влезе во игра, а статистичарите од NBA 2K го оцениле со 56 со што и во играта како и во реалноста ја грее клупата. Ова се случува се до сплетот на неверојатни околности во кои главната ѕвезда на тимот Антони не игра поради повреда, а втората ѕвезда на Никс, Амаре Стадемаер заради лични причини исто така не е на располагање на тимот. На мечот против Нетс, Лин постигна 25 поени, а викендов учествуваше и на All Star натпреварот.

Во меѓувреме ако не сте ја симнале закрпата за NBA 2k12 Лин најверојатно сè уште ја грее клупата, ако не е заменет со некој друг играч.

И покрај тоа што спортските симулации можеби и можат да додадат некој дел кои можеби и ќе успее да предвиди настани од спортот кои вака не воодушевуваат, сепак подобро е дизајнерите на спортски симулации да не се обидуваат верно да ги копираат настаните од спортот. Чувството на воодушевување кое го имаме додека ги гледаме нашата репрезентација, Џереми Лин, успесите на аутсајдерите против фаворитите секако нема да го пренесеме кога виртуелните спортисти и тимови ќе ги постигнат овие резултати. Ова чувство доаѓа кога ни се исполнуваат нашите навивачки надежи или од изненадувањето кога потценетиот спортист или клуб го повторуваат успехот меч по меч, чувство што не може никако да се поврзе со виртуелниот клуб.

[youtube]oqX2X0_W_5c[/youtube]

1 коментар на “Приказната на Џереми Лин според спортската симулација NBA 2K2012

  1. Pa jas bi rekol deka bi mozele da gi podobrat so pacovi na primer sekoj mesec po eden nov pac za sekoja sportska igra za da moze da ti se abdejtuvaat igracite site nivni promeni povredi i taka nesto pa koga ke se podobri i toj sistem na sekoja nedela da bide.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии