Пријавите за SoMo Borac наградите имаат нов рок – петок, 09.09

SoMo Borac наградите беа стартувани пред четири години со цел да ги препознаат најдобрите дигитални проекти од целиот регион. Со бесплатни пријави, регионално жири составено од професионалци од целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, SoМo Borac е интересен настан преку кој дигиталните агенции од регионот ја добиваат својата афирмација, на минатогодишните награди го добивме и првиот македонски финалист на SoMo – New Media MK.

Деветте категории во кои се натпреваруваат агенциите се:

  • Somo Face (најдобра Facebook страница),
  • SoMust Have (најдобар пристап на друштвените медиуми),
  • CM на годината (најдобар community manager)
  • Digitalni Mix (најдобра интегрирана кампања)
  • Somo Tech (најдобра веб/мобилна FB апликација или употреба на технологија)
  • Digitalac godine (најдобар менаџер на дигитален оддел)
  • SoMoRitanac (дигитална кампања која придонела за општествено добро)

Новиот рок за пријавување на наградите е 9-ти септември до пладне.

Повеќе информации @ SoMoBorac.com

Disclaimer: IT.mk е медиа партнер на SoMo Borac наградите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии