Пријавете се на првиот Firebase натпревар за можност за патување на Google I/O 2017

Google ги повикува сите Firebase развивачи во регионот. Firebase EEC натпреварот е отворен за сите девелопери од Источна и Централна Европа. Google се надева дека на овој натпревар ќе увиди како корисниците ја користат платформата, но и ќе добијат нови идеи за најдобра насока за користење на Firebase.

Платформата е релативно нова, и овозможува помош при развојот на апликации преку комбинација на инфраструктура и алатки  Firebase треба да им помогне на девелоперите да се фокусирааат на решавање на проблемите на корисниците наместо на развој на инфраструктура, објаснува Google.

Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот и да ги пријават своите апликации. Пријавувањето е отворено од 8 ноември и ќе трае до 31 декември. Резултатите ќе бидат објавени на почетокот на февруари следната година. Тројцата надобри учесници ќе бидат наградени со патување, престој и влезница за Google I/O 2017.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии