Пријавете полицаец преку интернет. Анонимно.

При пријавување на поплака, МВР ќе ви побара мејл или име, но ако сакате анонимнно да пријавите рипнете го тоа поле, мислам дека пријавата се прифаќа и без мејл.

„Анонимното пријавување, од една страна, ќе ги охрабри граѓаните да реагираат на сите регистрирани недоследности во постапувањето на полициските службеници, но од друга страна, што е не помала придобивка, нам ќе ни овозможи навремено да бидеме запознаени со одредени пречекорувања или непочитувања на законските и подзаконските акти.“ вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Исто така, според г-ѓа. Јанкуловска полицајците сега ќе треба да размислат два пати пред да направат некоја глупост. Во последниве осум месеци пријавени се 755 случаеви за непрофесионално однесување и злоупотреба на службените лица.

Надополнето 29.09: Што значи анонимноста? На Twitter се спомена дека МВР може да ја зачува IP адресата од каде е пратена поплаката. Разговаравме со МВР и велат дека внесената поплака оди кон Внатрешната контрола без IP адресата. Беше малку чудно од МВР што ми рекоа „зарем ние ќе проверуваме IP адреси на 5 милиони посетители“ бидејќи тоа е вкупната до сега бројка, можеби сајтот има 100-1000 уникатни по IP посетители на ден и според времето на пратената поплака и посетите ќе може да се најде и IP адресата. Но… сепак МВР категорично вели дека не ги зачувуваат IP адресите. Од друга страна, би требало да користат поголема проверка на HTML формата за поплаки како и енкриптирани канали на комуникација од клиент до сервер со помош на SSL или пак jCryption и сл.

никој не верува во анонимноста на пријавувањето на полицаец преку веб сервисот.less than a minute ago via web

9 коментари на “Пријавете полицаец преку интернет. Анонимно.

  1. A sto ke mi napravi doticniot prijaven policaec,ke me tepa ??!! Jas ke im ja pratam (ne IP ad.), licnata adresa komplet so ime i prezime ! Tuku,problemot e drug……Neka mi kaze nekoj dali veruva vo ova deka toj policaec ke bide sankcioniran i dali voopsto taa prijava ke bide procitana ??!!! Citiram: "Беше малку чудно од МВР што ми рекоа „зарем ние ќе проверуваме IP адреси на 5 милиони посетители“ ?????
    Ajde be lugje,ne se zalazuvajte,PIJAN dzandar ne maltretirase 2 saata mene i uste tri koli na sred bulevar (karsi Aleksandar Palace) na vlezot vo parkot.Eden od deckite dobi i samar.Ako nie ne povikavme policija ..CITAJ:> DA NE ODBRANI OD POLICIJA,taa rabota ke zavrsese LOSO ! Vo stanica dojdoa i advokati (na nase baranje povikavme nasi advokati),no i pokraj site zakoni koi ne stitea vo taa situacija pogodete sto se sluci ?! Policaecot bese vnesen vo privatno vozilo od strana na negov kolega i oci ne mu vidovme,(djabe advokatine se karaa uste 2 saata so dezurniot).Toj,istiot i deneska raboti kako nisto da ne se slucilo,a nas ne pratija na sud za …?? (kako sto rece sudijkata,zakani,omalovazuvanje,maltretiranje na sluzbeno lice ????!!!!!!!!!) Pijandurata bil prijavuvan,kako sto dozna eden od advokatite,najmalku do togas 7-8 pati,megju koi i za pretepuvanje na 14 god. devojce !! GOLA VODA prijateli,samo ke izgubite nervi,vreme i pari…….a za toa deka nekoj so 4 odd. vi ja navreduva intelegencijata,……….e TOA NAJMNOGU BOLI–veruvajte !!!

  2. Најсимптоматично е тоа што пријавувањето треба да биде анонимно. Да не беше ова полициска држава, зошто ќе се плашеа луѓето со име и презиме да се пожалат на полицијата?

  3. Toa anonimno ke projde NEKAKO! :D
    Nego neka mi kazhe ministerkata kako mozhe da dobieme informacija za policaecot koj sakame da go prijavime? Zamisli si samo: policaecot ve krshi od kjotek, a vie neznaete zosto ve tepa i od zgora na toa mu barate negovi licni podatoci :))))

  4. ајде ајде…. за каква анонимност зборите?
    кога човек види што се случува со ФБ и како се споделува се си сешто, застанале да се тепаат за ИП-то и тоа на полицијата.
    Ако сакате! Никој на сила не ве тера. Кај ви е дадена можност пак и бога за ма*** го фатиле.
    Користете проски, ако толку ви е страв од нешто!
    Одете во интернет клуб, ама таму ве снимаат со камера (можеби) и ви ја рушат приватноста.

    Како што би рекле едни мили и драги… „Ма ајде ви се молам“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии