Пријавете корупција преку Android апликација, наскоро и за iOS

Android апликацијата „Пријави корупција“ ќе им дозволи на граѓаните да пријават случаеви на корупција според одредени категории, локации или пак да ги прегледаат пријавите, велат Transparency International – Macedonia и Center for International Relations од Вашингтон.

Апликацијата е надополнување на проектот Пријави корупција кој ја користи Ushahidi платформата за да ги мапира случаите на корупција и неправилностите во владеењето.

„Оваа апликација е прва од ваков вид на Балканот, но и во Европа. Пријавите се проверуваат од тимот кои работи позади овој проект, а верификуваните ќе бидат поставени на веб сајтот www.prijavikorupcija.org, како и автоматски на оваа апликација.“, вели Методи Зајков од Transparency International – Macedonia.

Апликацијата е достапна на Google Play, а најавено е дека наскоро ќе следи и верзија за iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии