Пријавете изборни нерегуларности со онлајн алатката на МОСТ

На помалку од една недела до изборите на граѓаните им е достапна нова алатка. Нерегуларности е алатка што треба да им помогне на граѓаните едноставно да пријавуваат различен вид на изборни нерегуларности, притисоци или проблеми. Сè ова е во функција на спроведување фер и слободни избори во  Република Македонија.

izbori-2016-most

Алатката го користи истиот систем Ushahidi кој беше користен и за сајтот МојотИзбор.мк, алатка на МЦМС, Инситутот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), која пред неколку години понуди слична функционалност.

Ushahidi е непрофитна компанија која креира слободен софтвер со отворен код кој се користи за собирање на информации и нивно визуелизарање преку интерактивно гео-мапирање. Една од нивните алатки е Ushahidi платформата (The Ushahidi Platform) која првично е развиена со цел да се мапираат инцидентите кои се случувале како последица во пост-изборниот период во Кенија на почетокот на 2008 година.

Полезноста на оваа алатка беше веднаш воочена и од тогаш употребата на оваа платформа е секој ден сé поголема, за колекционирање на најразлични видови на информации. Оваа платформа се користи глобално од страна на активисти, новински организации и од страна на граѓаните. Според информациите од сајтот на Ushahidi, платформата до сега има над 90.000 инсталации и над 6.5 милиони пријави.

На сајтот Neregularnosti.most.org.mk засега има над 40 пријави, дел анонимни, дел преку друштвените медиуми. Пријавувањето нерегуларности е едноставно, граѓанинот треба да одбере дали пријавува притисок, инцидент, проблем со избирачки список, говор на омраза, прекршок или друго, по што се пополнува едноставна форма во која го означува датумот на инцидентот,

image-1613

Алатката на МОСТ е фокусирана на изборните неправилности, изборни нерегуларности и проблеми. Алатката овозможува граѓаните сами да пријавуваат: притисоци, инциденти, говор на омраза и слични прекршоци на анонимен начин.

image-1615

Алатката ја креираше граѓанската асоцијација МОСТ, а од асоцијацијата ќе ги внесуваат податоците и од друштвените мрежи. Хаштазите кои најчесто се користат се: #избори2016 #нерегуларности #СеПоСписок #фантоми. Дополнително МОСТ им стои на располагање и ги повикува граѓаните да пријават било какви нерегуларности.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии