Пријавете ги загадувачите на воздух во „Архива на загадувачи“

Дејан Соколоски

во feature, Вести

МојВоздух неодамна додаде нова функционалност на својата платформа, можност за пријавување на загадувачи. Станува збор за „crowdsource“ што овозможува на секој кој забележи загадување да го пријави.

Ова секако нема да има реално некакво значење ако градските власти не започнат да ги посетуваат и прегледуваат овие локации. Секако „crowdsource“ значи дека и граѓаните мора да се малку поодговорни, во спротивност платформата може да се претвори во лов на вештерки.

Авторот на МојВоздух, Горјан Јовановски стои зад оваа идеја. На својот Twitter профил г. Јовановски објави дека веќе е во контакт со државниот инспекторат, а ако има потреба ќе ги сподели податоците од базата со нив.

Пријавувањето на загадувач е едноставно. Корисникот пријавува/внесува 3 податоци: кус опис, фотографија и локација. Потоа со притискање на копчето податоците се внесуваат во базата.

Платформата е активна неколку дена е граѓаните веќе пријавиле 70 загадувачи. Најголем број во Скопје, но вредни се и граѓаните на Гостивар, Тетово, Велес, Кавадарци и Пробиштип.

Неодамна МојВоздух дојде до 100.000 корисници на мобилната верзија (Android и iOS) и 200.000 корисници на веб верзијата на МојВоздух.

2 коментари на “Пријавете ги загадувачите на воздух во „Архива на загадувачи“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии