Придобивки од гејмингот

  • Не сте зависник од видео игри.
  • Ако сте родител ги проверувате препораките за годините на децата за кои ја купувате  играта.
  • Сите придобивки од видео игри можете да ги добиете и од друго место: спорт, хоби или слично.

Без Monkey Island немаше да знаеме како да совладаме зомби пиратски капетан

Во продолжение на текстот ќе изложам некои придобивки од видео игрите, без некој редослед:

  • Подобрување на коцентрација. поголемиот број на игри бараат да останете концентрирани подолго време. Колку повеќе сте концентрирани така се зголемува и вашиот период на концентрација.
  • Подобрување на рефлексите. Без разлика на кои игри ги играте, скоро во сите мора да реагирате брзо. Колку почести и побрзи се вашите ракции толку ви се подобри рефлексите.
  • Подобрување на координацијата помеѓу окото и рацете. Додека играте потребно е цело време да извршувате голем број на прецизни брзи и координирани движења. Како последица на тоа значително се подобрува координацијата помеѓу рацете и окото. Интересен податок е дека хирурзите кои играат видео игри се побрзи и попрецизни при таканаречени минимално инвазивни зафати.
  • Ако сакаш да бидеш хирург трк по Unreal

  • Подобрување на логичките и способностите за решавање на проблеми. Во најголемиот број на игри потребно е да пронајдете некоја стратегија или логички решенија, додека го правите тоа вие ги вежбате способностите мозокот за стратешко и логичко размислување.
  • Едукација. Поголем број на истражувања имаат покажано дека видео игрите можат да бидат моќна алатка при едукација на помладите деца, токму поради фактот дека не согледуваат дека учат.
  • Подобрување на периферниот вид. Со оглед на тоа дека цело време сте сконцентрирани на настаните на мониторот може да ви се подобри периферниот вид и ноќното гледање
  • Групна активност. Видео игрите овозможуваат заедничко играње на повеќе играчи истовремено. Во MMORPG е потребна соработка помеѓу поголем број на играчи при што имаат поделени улоги. Во други игри пак компетитивноста е поистакната и овозможуваат арена за здрава конкуренција. Конечно најглоемиот дел на масивните онлајн игри кои се играат преку Интернет ви овозможуваат да се сретнете со луѓе од целиот свет и нивната култура.
  • Лесна физичка активност. Сопствениците на WII знаат за што станува збор контролерите кои ги користи оваа платформа превидуваат движења кои овозможуваат лесна физичка активност. Новиот контролер за Xbox Kinect овозможува дури и поголема физичка активност. И покрај ова не станува збор за целосните потреби од физичка активност за тоа сепак ќе треба малку повеќе да се размрдате.
  • Вежбање на странски јазик. За среќа, или на наша несреќа, најголем дал од игрите не се на македонски јазик, што ви овозможува да научите или најмалку да вежбате странски јазик, најчесто англиски иако постојат игри на француски, руски, корејски, јапонски и многу други јазици. За илустрација ќе го искористам мојот пример. Француски и англиски учев скоро исто долго време, дванаесетина години, а сега за разлика од англискиот кој ми е скоро втор јазик по македонскиот, се мачам и со наједноставните француски зборови.
  • Анти-стрес мерка Општо познато е дека најдобра мерка за намалување на стрес е релаксација. Игрите кои се поврзани со забава и хумор се забавни и добар начин за подзаборавање на проблемите кои го предизвикуваат стресот. И покрај тоа што понекогаш е потребно да се предземат и други мерки за намалување на стрес еве еден линк со игри кои може да ви помогнат.
  • ЗАБАВА!

Тешко дека некоја друга активност ќе ве припреми за инвазија на вонземјани

2 коментари на “Придобивки од гејмингот

  1. Типицен пример за како би требало да се искористат можностите кој игрите ги нудат за едукација е примерот со Zombie Apocalypse. Од овде Dr. Ali Khan ке дојде до идеја за едукација на младите во нивната подготвеност и спремност за итни ситуации, секако не за конфликт со зомби туку елементарни непогоди и останати кризни ситуации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии