Еве ја причината зошто Apple не можеше да ги игнорира поголемите екрани

По години поминати во убедување дека корисниците немаат потреба од поголем екран, Apple конечно попушти и му го претстави на светот својот прв огромен телефон – 5,5 инчниот iPhone 6 Plus. По сите дефиниции, iPhone 6+ e „фаблет“ уред (телефон со големина блиска до таблет компјутер), и иако беше неочекувано од Apple, бидејќи го чекавме 4,7 инчниот iPhone 6, сепак анализите покажуваат дека Аpple мораше да претстави фаблет.

[youtube]FglqN1jd1tM[/youtube]

Анализата на мобилниот маркетер Flurry покажува дека Apple не може повеќе да го игнорира пазарот на телефони со огромен екран. Само последната година фаблетите го зголемија своето учество од 2 отсто на 10 отсто, со тоа надминувајќи ги и малите таблет компјутери од 7,0 до 8,4 инчи), но и големите таблет компјутери (над 8,5 инчи) кои држат 5 отсто од пазарот. Анализата покажа дека поголем дел од корисниците сега ги користат фаблетите повеќе отколку таблет компјутерите кои веќе долг период се доминирани од iPad.

Зголемувањето на бројот на фаблети допринесува се поголем број од корисниците да ги префрлат своите активности на овие уреди за сметка на малите и средни телфони, а бројот на активни корисници по уред се зголеми двојно. Ова се одрази на активноста на корисниците на уредите, па така иако бројот на активни корисници на малите и големи таблет компјутери продолжува да расте, според сесиите на апликациите, нивното користење не соодветствува на нивниот број. За разлика од ова 6 отсто од активните фаблет корисници се „одговорни“ за 11 отсто од сесиите на апликациите.

Со оглед на тоа дека во времето на анализата iPhone 6+ се уште не беше објавен, податоците само за Android пазарот покажуваат уште поголем влез на фаблет телефоните. Кај корисниците на Android уделот на фаблетите пораснал дури 11 отсто од 7 на 18 отсто. Ова исто така покажува дека Аpple, со својот огромен број на фанови на брендот, гледа потенцијал да конкурира на фаблет пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии