Prezi ги пресели своите кул презентации и на Android

Популарната апликација за презентации, Prezi, која беше достапна за iOS и iPad, сега е достапна и за Android. Конечно сега Android корисниците ќе можат да си носат своите Prezi презентации насекаде, но треба да знаете дека апликација е додаток која ја надополнува услугата која ја нуди Prezi преку својот веб сервис.

Со Prezi for Android има можност со која корисниците кои се постојано или барем почесто во движење ќе можат да си ги носат со себе своите презентации. „Мобилната апликација овозможува презентации, било каде, во било кое време“, вели Prezi, што на кратко значи дека не мора да носите лаптоп секојпат кога ќе сакате да презентирате.

Android верзијата како и iOS овозможува синхронизација со облакот, а со ова и пристап до последната верзија на презентацијата, дури и ако не е префрлена на телефонот. Сервисот овозможува и презентирање на најмногу 30 поканети корисници кои би можеле да ја следат презентацијата.

Ова е втора мобилна апликација која ја објави Prezi за кратко време, откако неодамна ја претстави и Nutshell, апликација за анимирање на фотографии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии