Преземајте YouTube видеа со Usnip

YouTube изобилува со бројни видеа. Поголемиот број од нив едноставно сакате да ги преземете и да ги овозможите за репродукција на најразлични направи и во ситуации кога немате пристап до интернет. Ваквото нешто се граничи со легалното и, официјално, можете само да преземате видео материјали кои вие лично сте ги поставиле на платформата. Неофицијално, има еден куп програми на кои не им е грижа за ова и ви дозволуваат брзо и лесно да преземете сè што ќе ви го привлече вниманието. Usnip е еден таков програм.

Со третата верзија на Usnip можете да преземате онлајн видеа не само од YouTube, туку и од Facebook, а во план е и поддршка за преземање видео материјали и од други вакви сервиси. За репродукција на апсолутно какви било направи, преземените видеа можете да ги конвертирате во форматот кое е идеален за вашите направи.

Најновата верзија на Usnip има доживеано промена на изгледот, а и е правилно оптимизирана за работа на Windows 10 оперативните системи.

Нормално, доколку не сакате да преземате и инсталирате софтвер за вакво нешто, имате бројни, помалку флексибилни сајтови за релативно ист финален продукт. Online Video Converter е еден таков сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии