Преземајте видео и аудио фајлови со Media Download Helper

И, во потрагата за исклучително корисни екстензии за вашиот Firefox прелистувач, дефинитивно би требало да го свртите вниманието кон Media Download Helper. Се работи за алатка која ги „скенира“ сите ваши отворени јазичиња во прелистувачот и бара видео и аудио извори, како и слики. Доколку кликнете на соодветното копче од вашата лента со алатки, ќе добиете целосна листа од сите мултимедијални содржини кои се лоцирана низ вашите отворени сајтови.

За преземање на ваквите содржини, имате на располагање три опции. Copy to smartphone, создава QR код кој може да се скенира со вашиот телефон. По скенирањето, телефонот ќе го отвори линкот со мултимедијалната содржина. Втората опција, Copy Link ви дозволува да го копирате линкот, а третата опција, Download, ви дозволува да ја преземете мултимедијалната содржина, дали видео, музика, или фотографија.

Доколку сакате, можете и да ги преземете сите мултимедијални содржини што се наоѓаат во вчитаната страна. Media Download Helper се одликува со малку збунувачки распоред на елементите и потребно е одредено привикнување, но, и покрај тоа, знае очигледно да ги олесни работите во одредени ситуации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии