Преземајте видеа и музика со AnyGet

AnyGet е апликација која ви дозволува да преземате видео и аудио материјали од илјадници сајтови, сајтови како YouTube, Vimeo, DailyMotion, SoundCloud, TED, Facebook и, секако, Instagram.

По вклучување на исклучително скромната апликација, можете да пребарувате според клучни зборови или, доколку ја имате URL адресата, можете да ја внесете во соодветното поле. По извршеното пребарување и листање на резултатите, можете започнете со преземањето. Од самата алатка, добивате и увид за тоа што е преземено, а што се презема во моментот.

AnyGet не е само алатка за преземање видеа и музика. Со неа, можете да извршите и одредено конвертирање. Имено, бесплатната апликација, која е ексклузивна за Windows 10, ви дозволува да конвертирате веб видеа во MP4 форматот, а аудио фајловите во MP3 форматот.

При работа со AnyGet, внимавајте да не кршите одредени авторски права.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии