Преземајте фотографии од Unsplash

Секојпат кога ќе ви притреба некоја слика, дали за вашиот веб сајт, блог, или слично, претпоставуваме дека обично одите преку пребарувачкиот енџин Google Images. Нема ништо лошо во тоа, но некои од фотографиите кои ги преземате на овој начин можат да подлежат на одредени (авторски) права и ограничувања.

Unsplash е веб сајт кој ви нуди над милиони фотографии во висока резолуција. Сите фотографии не подлежат на никакви авторски права, односно ограничувања и можете да ги користите без страв дека правите нешто незаконско. Тоа е затоа што фотографиите потекнуваат од заедница од над 150 000 аматери и професионални фотографи. Целата заедница ве охрабрува да го споменете фотографот од кого сте ја „позајмиле“ фотографијата, но таквото нешто е далеку од задолжително.

Во поглед на категории, имате на располагање категорија за позадини за вашиот компјутер и телефон, природа, патување, животни, категорија за јадења и пијалаци, како и за луѓе.

За преземање на содржините не се бара регистрација, а лесно можете да поставите и некои ваши фотографии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии