Автоматската транскрипцијата користи Google Voice Search, алгоритми за претварање на говор во текст, кој со помош на Google Тranslate потоа може да биде преведен на македонски или албански јазик, кои се два од 50-тина јазици кои се моментално поддржани на YouTube.

Не сите видеа се со транскрипција бидејќи сепак по 24 часа видео материјал се закачува секоја минута на сервисот, а проектот кој користи автоматски преводи е во почетната фаза.

„Автоматските преводи не се совршени и како и секоја транскрипција, сопственикот на видеото треба да ја провери точноста. Во други случаеви аудиото можеби не е доволно добро да произведе автоматска транскрипција. Но бидете стрпливи – нашата технологија за препознавање говор се подобрува секој ден.“ вели YouTube на својот блог.

Секое видео кое има транскрипција содржи копче CC со кое се вклучуваат титловите и со кое се мести јазикот. На сајтот на YouTube ќе најдете повеќе за како да ги вклучите титловите на видета кои ги гледате, и како да закачите видео со можност за транскрипција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии