Preview SDK за Google Fit е достапен за симнување

Google го објави Preview SDK за Google Fit за сите заинтересирани девелопери да ги симнат алатките и веднаш да започнат со развој на фитнес апликации. Google Fit SDK доаѓа со еден сет API-ја за креаторите на апликации и уреди кој овозможува зачувување и пристап до фитнес податоците. Google Fit SDK пред се е наменет за Android, но според најавите и за преносни компјутери, монитори за работа на срцето и слични уреди.

„Google Fit е отворена платформа која им дозволува на корисниците контрола врз своите фитнес податоци. Google Fit на девелоперите ќе им овозможи да креираат попаметни апликации, а на производителите да се насочат кон креирање на извонредни уреди“.

Во зависност од тоа што им е потребно девелоперите можат да изберат: Sensor API, кој овозможува пристап до сензорите на уредите и преносните уреди, без разлика дали станува збор Android уред или преносен компјутер. Така доколку креираат апликација за трчање, девелоперот може на определени периоди да добие пристап до мониторот за работа на срцето; Recording API овозможува ефикасно прибирање на фитнес податоците и нивно синхронизирање на облакот, што би овозможило, на пример, зачувување на податоците при возење велосипед за подоцна да бидат презентирани на мапа; History API овозможуваат пристап до зачуваните податоци и операции како читање, внесување на нови податоци и бришење.

Сите заинтересирани можат да го преземат SDK, со тоа што апликациите кои ги креираат ќе можат да ги објават подоцна кога ќе биде издадена финалната верзија на Google Fit.

[youtube]1PZ2W-r35BM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии