Претворете го вашиот Facebook Timeline во Pinterest

Ако не сте задоволни со изгледот на Facebook по Timelininе, тогаш PinView е вистинската апликација за вас. PinView го претвора Facebook во табла на која се закачени сите „вести“ кој ги поставиле вашите пријатели, налик на Pinterest која во овој момент е една од напопуларните друштвени мрежи.

Со апликациите разгледувањето на содржини станува многу полесно, а апликацијата одлично ги искористува поголемите резолуции, зголемувајќи ја големината на прелистувачот се зголемува и бројот на колони во кои ви се прикажани постовите.

„Копчињата“ кои се поставени на PinView, овозможуваат да ги разделите содржините помеѓу вашиот ѕид и ѕидот на вашите пријатели, како и помеѓу споделени слики и видеа. Малку е нелогично што иако можете да коментирате, споделите или да одберете „ми се допаѓа“ од PinView апликацијата, не можете да скриете содржини ниту да ги преместите прозорчињата, односно тоа мора да го направите во Facebook Timeline.

Најголема предност која ја има им апликацијата е што дозволува брзо да ги прегледате содржините кои имаат поголеми сликички, а со тоа и самите „приказни“ стануваат попрегледни. Авторите на PinView за во иднина најавуваат можност за зачувување на омилените содржини, како и распределба на истите според популарноста, наместо моменталниот хронолошки редослед.