Претставен вториот Google телефон

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Пристигна уште една новина објавена на Светскиот конгрес за мобилни кој се одржува во Барселона деновиве. Претставен е нов телефон базиран на Google-овиот оперативен систем Android, од страна на Vodafone. Телефонот со екран на допир – HTC Magic или G2, ќе поседува 3.2 мегапикселна камера, Wi-Fi и GPS, но ќе нема лизгачка тастатура.

HTC Magic има посебен приклучок за слушалки, и нема да може да се приклучат повеќето од стандардните слушалки, а непоседување на лизгачка тастатура, камерата со ниска резолуција како и непоседување на блиц, го прават овој телефон да биде многу потенок. Истотака телефонот ќе ги содржи претходно поставените Google апликации, како што се Maps, Mail, Search и YouTube.

HTC Magic ќе поседува нов Android фирмвер, познат како “Cupcake”, со промени врз основа на сугестиите на корисниците на G1. Телефонот ќе биде достапен во продажба за корисниците на операторот Vodafone во Велика Британија, Германија, Шпанија, Франција и не-ексклузивно во Италија. Корисниците на Android телефоните ќе имаат пристап на Android Market, онлајн продавницата за апликации која моментално поседува 800 производи.

{mosimage}

Се очекуваше на Конгресот во Барселона да бидат претставени неколку Android-базирани телефони од неколку производители, но засега HTC Magic е единствениот. Претставниците на Vodafone и HTC нагласија дека одлучувачки фактори при дизајнирањето на новиот HTC Magic биле формата, функцијата, тенкиот изглед и "чувството кога го имате во рака".

“Обративме особено внимание на стилот и дизајнот. Јас сум практично опседнат од него. Особено внимаваме да не произведуваме производи за одредена група на гикови, наместо тоа сакаме да донесеме производ наменет за широка маса на корисници со посебно внимание на дизајнот и функционалноста,” вели Патрик Чомет, глобален директор на терминали во групацијата Vodafone.

“Очекуваме повеќе Android производи, но ова е посебно добар производ за Vodafone и за европските потрошувачи; дизајнот оди во прилог повеќе со европските вкусови. Оваа платформа е постабилна и нуди подобро искористување на екранот на допир.” рече Каролина Миланези, директор за истражувања на мобилни телефони од Gartner.

Според Миланези цената на телефонот која е меѓу 99 и 199 евра, ќе допринесе телефонот да биде достапен на поширокиот пазар. Разликата во цената е поради тоа што цената ќе биде одредувана локално, во секоја држава посебно. Првиот “Google phone”, кој беше наречен G1, беше објавен во септември минатата година од страна на HTC, со ексклузивни права на T-mobile.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии