Претставен Ubuntu TV, се очекува да биде на телевизорите до крајот на годинава

Ubuntu TV е оптимизирана верзија на оперативниот систем за десктопи со Unity интерфејс.

Системот, претставен на Consumer Electronics Show, содржи мултимедиски центар, DVR опции и продавници за филмови, телевизиски програми и музика, кои ќе бидат стримани директно преку веб, како и YouTube апликација.

Ubuntu TV ќе биде со отворен код за сите производители да го оптимизираат и спакуваат во своите телевизори. Canonical, компанијата зад слободниот ОС, вели дека нема официјални зделки со производителите, но очекуваат телевизори со Ubuntu TV да се појават до крајот на годинава.

„Оригиналните производители и дистрибутери се претпазливи кон пристапот на „затворена градина“ како што е со Apple, и се повеќе со Google, иако тие се поотворени од Apple. Гледаме повеќе побарувачка за природен плеер на мултимедија.“, вели директорката на Canonical, Џејн Силбер, за PC Pro.

[youtube]jq_WaOLjdyQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии