Претставен Places, новиот Facebook сервис за споделување локација

Places, налик на други локациски сервиси како FourSquare, работи така што го користи GPS технологијата преку паметните телефони да го одреди местот. Кога сакате да се чекирате сервисот ви дава опција на места околу вас, вие го одбирате местото каде сте во моментот и пишувате порака. Таа порака се појавува на вашиот Facebook ѕид.

Една од поинтересните опции е што ќе може да се видат коментари од пријателите за посетените места, што може значително да им помогне на локалните бизниси. Понудете добра услуга и потрошувачот ќе пише за вас на Facebook поканувајќи ги пријателите.

Places на почеток е достапен само во САД, но ќе биде објавен ширум светот.

Подолу е снимка од Facebook Live претставувањето на Places. (настанот започнува по деветата минута)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии