Претставен Мicrosoft Office 2010

Во кратка демо презентација, претставниците на Microsoft Македонија ги прикажаа новостите во Word, Excel, PowerPoint и Outlook, а како едни од повпечатливите би ги напоменал олеснетите начини за да се пристапи до најкористените опции како печатење на документи, архивирање и чистење на непотребните и-мејлови и низи во Outlook, полесна имплементација на YouTube видеа во PowerPoint презентации, автоматско поврзување на контактите во Outlook со Live сервисите и сл. Новост кај Office 2010 е и тоа што MS претставува Starter пакет, кој ќе биде преинсталиран на новите компјутери и ќе има Word и Excel со ограничени функции. Претставниците на Microsoft посочија дека Office 2010 овозможува и снимање во отворените формати…

Со новиот Office голем фокус се става и на соработувањето „коавторството“ при работењето, односно повеќе членови од тимот можат истовремено да едитираат документи во реално време.

Се спомена дека локализираната верзија на Office 2010 ќе биде објавена до крајот на годината, додека за Windows 7 ќе биде претставена до Октомври 2010.

Исто така со Microsoft Office 10 се претставија и веб базираните бесплатни и поедноставени Office верзиите на Word, Еxcell, PowerPoint и OneNote.

 

1 коментар на “Претставен Мicrosoft Office 2010

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии