Претставен iPhone 4

Новиот iPhone 4 е :

  • околу 9.3 милиметри тенок, рамката на телефонот е од челик кој служи како антена
  • со 3.5 инчен екран како на стариот iPhone но со Retina Displey со 326 ppi (960×640 пиксели) дисплеј, највисока резолуција за мобилен телефон
  • работи на A4 процесорот кој го има и во iPad
  • батеријата држи 7 часа зборување, 6 часа за 3G сурфање на интернет, 10 часа видео или 40 часа слушање музика.
  • iPhone OS сега се преименува во iOS 4 и подржува мулти-такскинг, односно работење на неколку апликации истовремено
  • ќе може да се креираат фолдери за апликациите
  • 5 MP камера со LED блиц
  • може да се снима во HD 720p
  • има 2 камери, напред и назад на телефонот. Предната камера е наменета за FaceTime, апликација за видео чет
  • претставен е нов iMovie софтвер за обработување на видео кој чини 5 долари на App Store
  • има жироскоп со 3 оски, со кој апликациите реагираат на движења во вкупно шест оски
  • има синхронизирам имејл инбокс
  • има iBooks

iPhone 4 ќе се појави за продажба на 24 јуни во САД, Британија, Јапонија, Германија и Франција, останатите од листата на 88 земји ќе го добијат во наредниве месеци. Ќе чини 200 долари за 16 GB и 300 долари за 32 GB уред. Ќе го има во црна и бела боја.

Повеќе слики од телефонот ќе најдете во официјалната галерија, а подолу е видео за дизајнот и новитетите на уредот.

9 коментари на “Претставен iPhone 4

  1. Една од најдобрите анализи за новиот iPhone 4 ја прочитав во Business Insider ( http://www.businessinsider.com/iphone-4-looks-gre… ).

    Да не се мачите, ова е заклучокот:
    „Стив Џобс денес го направи iPhone подобар, но не го направи Android полош“.

    Тоа е тоа, мојата компанија дефинитивно се свртува кон Андроид платформата за „мобилниот“ дел од нашата понуда. Не дека сме битни (не сме), но мислам дека многу од останатите компании во светот ќе постапат слично.

  2. Видеото е јако, фотографиите, јак процесор, ама екранот е уаааау… И многу софтвер има ако го џеилбрејкнеш. И скап е. Ќе видиме у овие 5-6 месеци (пред септември тешко во Т-Мобил) кој Андроид ќе го рипне…

  3. Хаха, овие од Apple се прат блесави или стварно не се запознати со фактот дека видео повиците постојат и се користат веќе со години?

    Се на се, добар апгрејд иако мислам дека малку претераа со дисплејот (превисока резолуција, и Retina??? wtf), а сепак е истата големина, очекував барем 3.7 или 4 инчи во 16:9 формат.

    И… уште е прескап

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии