Претставен е-Дневник, алатка за родителите да ги следат оценките на децата

„Е-дневникот ја користи базата на податоци од ЕМИС (англ. Education Management Information System) кој е систем за собирање, обработка, проверка и презентирање на податоци што се важни за образовниот процес во основното и средното образование во Република Македонија. Имплементацијата на ЕМИС системот вклучуваше и обука на двајца администратори од секое училиште во Република Македонија кои се задолжени за внесe на податоците во системот.“

За да се логираат родителите на еДневник.mon.gov.mk е потребно да:

  • Доставете му имејл на класниот раководител
  • Класниот раководител ќе ја креира Вашата корисничка сметка
  • Проверете го Вашиот имејл, испратен ви имејл со вештачки генерирана лозинка.
  • Најавете се на Е-Дневникот со вашиот имејл како корисничко име и лозинката која ја добивте.

Повеќе детали за еDnevnik.mon.gov.mk ќе најдете на сајтот кој изобилува со информации и видео упатства за користење на сервисот.

Има забуна, постојат два е-Дневника

Со претставувањето на е-Дневник, се појави и мала забуна. Имено, постои e-dnevnik.com.mk веб сајт кој не е проект на Министерството за образование, кој што има исти принцип на работа, и е приватен проект за чии услуги се плаќа.

Забуната настана поради лесниот домен, ednevnik.com.mk е полесен за памтење од ednevnik.mon.gov.mk, па некои блогови и твитерџии станаа критични кон МОН заради фактот што e-dnevnik.com.mk наплаќа за услугата по 250 денари. Интересно после линканиот блог пост, е тргната жиро сметката од сајтот, како и линкот до писмо, но благодарение на Google Cache можете да се види како тоа изгледаше. Од е-dnevnik.com.mk велат дека ја тргнале жиро сметката за да нема забуна со електронскиот дневник на МОН.

Во секој случај бесплатниот електронски дневник, тој на МОН, е eDnevnik.mon.gov.mk.

19 коментари на “Претставен е-Дневник, алатка за родителите да ги следат оценките на децата

  1. Ако професорите се навистина професори, нека покажат малце од својот карактер и нека седнат да ги научат работите малце од малце како одат.На учениците им е здосадено да слушаат како некој монотоно зборува 45минути, кога знаат дека има 10 пати поинтересни методи на едукација од тоа. Многу од професорите исто така покажуваат одбивност спрема компјутерите и на нив гледаат со презир, не сфаќајки дека компјутерите имаат огромен потенцијал да станат незаменлива алатка во процесот на едукација..

  2. Mnogu neprofesionalno izraboteno ,Ministerstvo za Obrazovanie i Nauka da koristi Word Press toa e nezamislivo , potoa ke kazat deka ovoj proekt cinel neznam kolku iljadi evra sto e apsurdno.
    Pa ne se dobrotvorna organizacija koja nema sredstva za da obezbedi svoja platforma ,ministerstvo e neka se pogrizat za da im se izraboti asalen sajt.
    Druga rabota e sto tehnickite ucilista mozno e da go otfrlat ovoj dnevnik bidejki poveketo od niv imaat sopstveni dnevnici so godini nanazad.Na pr moeto uciliste ima Elektronski Dnevnik preku 4 godini ,koi samite go imaat izraboteno samo sto nema web interface .

  3. ajde prvo neka funkcionira, pa posle neka mu ja mislat za bezbednost … https ne igra nekoja golema uloga vo zastitata i bezbednosta. da od snifanje mozebi ke se spasat nekoi korisnici, a drugite propusti i problemi si se problemi … i ne zavisat od https … pozdrav do security entuzijastite

  4. остајте ги децата да дишат, да се смеат, да играт на улица :)))))) наредно шо очекувам сите Borg Македонци да станеме….. ова школово го направија мислиш после 8 одделение директно у Наса ќе ги праќаат децата, а загрижените ми родители ќе грицкаат нокти додека се лоадира сајтот со е-досието ххахаха

    1. a pak zoshto i da ne gi prakaat direkno u NASA? neli toa e celta na uchilishteto, deteto da uchi, a ne da odi tamu i da pravi gluposti,ili da bega od chasovi za da se pokaze pred drugarite i devojkite/. go opravduvam proektot, mora da se ima kontrola za da ima rezultati, site sme bile uchenici i znaete sho se li ne se pravi po nashive uchilishta, a site od vas znaet sho znachi uchilishte! Mesto kade shto deteto se uchi i od nego da stane neshto ponataka vo zivotot a ne da bide bandit, li taxi shofer, ili da kopa po nekoja niva. pozdrav

  5. Мислам дека има над пет електронски дневници што се појавиле низ годиниве. Би требало некој да запраша и напише зошто толку многу се започнати и зошто после презентирањето и галамата сето тоа замира.

  6. секоја чест за проектот ама треба да помини време за да се видат резултатите.
    1) како прво обичен xss напад има на страницата
    2) има многу професори кои се стари и кога ќе пишуваат лозинки ги пишуваат сите да ги видат :) па ке се најдат некој " хакери " и ке пробваат да прат глупости
    3 ) Seavus е фирма и колку што гледам одлично е реализирано, а за заштитата мислам дека е на солидно ниво. прво што забележав е https протоколот, а на оваа другата страница нема
    4) Кога се внесуваа податоците во ЕМИС системот имав можност да помогнам во внесувањето. страницата за ЕМИС системот е премногу неогранизиран, никаква навигација , можеби беше бавна бавна бидејќи тогаш сите училишта во македонија ги внесуваја податоците, но сепак една таква страница не смее да биде нестабилна и да има такви пропусти, навигација 0, дизајнот не е толку многу важен може да се прогледа низ прсти.

    1. Ги информирав за ранливоста преку нивната форма. Можда ќе види некој што разбира што е ХЅЅ па ќе поправи. Страшно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии