Претставен е Android Studio 2.0 за полесно и поефикасно развивање на апликации

Google ја најави новата верзија на развојната алатка за Android – Android Studio 2.0. Засега е рано да се зборува за конечното издание, но сите заинтересирани девелопери можат да ја разгледаат на Canary Channel, а алатката е достапна за Windows, OS X и Linux.

Новитет е Instant Run, побрз Android емулатор и нова GPU алатка. Insta Run овозможува девелоперите веднаш да ги видат промените на емулаторот или на уредот. GPU Profiler е нова алатка, засега во бета фаза која овозможува преглед на GL State и прегледување на баферот и текстурите во текот на работата на апликацијата. Конечно новиот емулатор на уреди ќе им овозможи на девелоперите да заштедат на време креирајќи уред кој побрзо функционира од реалните. Побрз емулатор ќе биде одлично решение за девелоперите кои доколку сакаат добра апликација мора да ја тестираат на куп уреди. Телефоните и таблет компјутерите кои доаѓаат со овој оперативен систем се навистина многу, па и проверката единствено за најпопуларните е подолготраен процес. Емулаторот дополнително автоматски генерира „deep links“ кои ќе можат да бидат презентирани во пребарувачот, вели TechCrunch.

Корисниците на Android Studio забележаа дека Google редовно ја надградува интегрираната платформа за развој, а за разлика од претходното искуство каде беше потребно инсталирање на Eclipse и на дополнителни алатки од Google, развојот за мобилни уреди со помош на Android Studio е поедноставен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии