Претставен Adobe Media Player

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Adobe Systems Inc. го објави својот најнов продукт Adobe Media Player 1.0. Апликација создадена со помош на Adobe AIR, AMP 1.0 е медиа плеер лесен за користење кој им овозможува на корисниците едноставно да ги прегледуваат своите омилени видео содржини, и истовремено на компаниите да се рекламираат и да ги остварат своите маркетинг цели.

Во соработка со едни од најголемите медиумски куќи како CBS. MTV Networks, Universal Music Group, PBS, CondéNet, Adobe овозможува голем број на телевизиски програми. Додатно на Adobe Media Player 1.0, компанијата ја претстави и Adobe TV – мрежа со серија на епизоди кои овозможуваат експертски совети и разни упатства за користење на продуктите на Adobe.

Adobe Mediа Player 1.0 е достапен за превземање на следниов линк.

{mosimage}

Апликацијата овозможува прегледувања на стримувани, превземени или локално снимени видеа со висок видео квалитет (1080p, 720p, 480i видео резолуции) и достоен аудио квалитет во Adobe Flash формат. Корисниците можат и да ги добиваат најновите епизоди и видеа од разни програми кои ја поддржуваат оваа опција.

Засега преку AMP 1.0 може да гледате: CSI: New York, CSI: Miami, MTV News, Big Brother, Star Trek, Melrose Place, Hawaii Five-О, The Twilight Zone, MacGyver како и видео веб-епизоди од сајтови како Epicurious.com, Style.com, Wired.com, Blip.tv, MyToons.com и др.

За да го користите овој програм, Adobe препорачува најмалку 1 ГБ РАМ, Intel Pentium 4 2.33 GHz (за Windows) или PowerPC G5 1.8 GHz (за Mac OS) или побрзи процесори и видео карта со над 64 МБ видео РАМ.

Холивуд неодамна го објави Hulu.com, создавачите на South Park ги објавија сите епизоди онлајн, додека американската ТВ мрежа ABC веќе подолго време овозможува прегледување на емитувани епизоди онлајн со висок квалитет. Дали начинот на гледање телевизија е пред револуција?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии