Претседателот Трамп го отвори небото над САД за дронови

Тестирањето на дронови во САД стана малку поедноставно. Претседателот Доналд Трамп олесни дел од правилата за тестирање на летала.

Промените ќе овозможат партнерства помеѓу градовите и компаниите кои управуваат со дронови. Ова ќе овозможи користење на леталата на пилот проекти и тестови. Дополнително, условите ќе важат за градовите каде се тестира, а не како досега, да бидат воспоставени од федерална комисија.

Ова ќе овозможи операторите, пример Amazon или Wing, да тестираат во 3 часот наутро. Вообичаено летовите на дронови беа дозволени исклучиво преку ден. Дел од компаниите кои се заинтересирани за помала регулација се компании кои работат на технологија за испорака со дронови, пример Amazon. Дополнитено, и команиите кои работат на одржување на гасоводи се надеваат дека ќе може да користат дронови за контрола на цевките. Intel пак, имаше одлична презентација во која дроновите можат да го заменат огнометот.

Една од главните причини за намалувањето на регулацијата е што компаниите ја напуштија САД и тестирааат во други држави. Се чини дека администрацијата сега е малку исплашена дека поради ова, во САД иновативноста ќе доцни зад останатите држави.

Компанијата за достава на Google, Wing тестира во Австралија; Amazon своите летала ги тестира во Британија; Ziplaine тестира во Руанда, вели New York Times.

Новиот закон нема во целост да ги прескокне Агенцијата за авијација и федералните власти, но треба да помогне за забрзување на процесот.

По носењето на новиот закон, претседателот на САД и неговата администрација очекуваат првите пилот проекти да започнат да се реализираат за една година. Потоа Сојузната администрација за воздухопловство ќе одлучи дали истите правила може да се имплементираат на цела територија на САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии