1 коментар 2 мин. читање 6 август, 2018

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дрон

Претседателот на Венецуела додека држеше говор во Каракас беше цел на атентат со дрон. Извори од Каракас јавуваат за 2 дронa на кои биле закачени експлозивни направи. Напаѓачот ја активирал направата над главата на претседателот.

Пожарникарите кои биле во близина велат дека нападот со дрон не е причина за експлозија, туку плинска боца од станот во зграда која е блиску. Сепак одговорност за нападот презема „National Movement of Soldiers in T-shirts“.

„Покажавме дека се ранливи. Немавме успех денес, но само е прашање на време.“, велат од групата.

На снимката се слуша експлозија и веднаш потоа претседателот погледнува нагоре, а луѓе од безбедноста го заобиколуваат со блиндирани штитови. Ова е прв случај со дрон да биде нападнат претседател на некоја држава.

Претседателот е неповреден, но во нападот се повредени неколку војници.

https://www.youtube.com/watch?v=avSgQc6DOiU

За нападот претседателот ги обвини, Колумбија, крајната десница и финансиери од Флорида. Колумбискиот претседател ги негираше овие тврдења.

Венецуела повеќе од 5 години е во огромна финансиска криза. Како последица се јави изгладнетост, хиперинфлација и масовно иселување.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top