Претпазливо со мејловите и линковите од ИК Банка

{mosimage} Наидовме на имејл измама која ја користи ИК Банка. Мејлот вели дека некој ви влегол во сметката од банката и со лажен линк ве води на сајт преку кој ви ја краде лозинката до правата сметка. Имејлот е доста уверлив. Го има логото на банката, ве предупредува да не споделувате лозинки, ве советува што да правите, дури и вели дека ќе ви ja запамети вашата ИП адреса. Доколку испаничите и ги испуштите неколкуте работи што се истакнуваат може наивно да ја дадете вашата сметка.

На измамниците им е лесно да се престават како локален бизнис затоа претпазливо со ваквите мејлови. Пред се треба да пазите на две работи. Прво, имјелот е на англиски. ИК Банка доколку наиде на ваков
проблем ќе ви се обрати на македонски. Но од друга стран, се сеќавате на д-р. Павле од Нигерија? кој го искористи Google Тranslate да преведе текст на македонски јазик.

Вториот проблем се линковите. Иако е наведен линк e-banking.ikbanka.com.mk сепак со едноставно држење на глувчето врз мејлот покажува дека се работи за друга адреса која според Firefox е пријавена како измама. Но доколку некој не ја пријавил можете лесно да се најдете на страна и да ги откриете вашите податоци. Интересно е што најгорниот мејл од каде е пратена измамата наликува на валиден мејл, имено завршува на bank.com.mk но верувам дека секој мејл од ИК Банка би завршил на ikbanka.com.mk што е исто така показател дека треба да бидете претпазливи.

Ваквите измами можат да бидат од било која банка или сервис. Често ваквите мејлови се само спам, но можат и да стигнат до некој кој навистина е корисник на одредена банка. Затоа имајте на ум што кликате и каде тој линк ве води.

{mosimage}

Надополнето: Пристигаат и мејлови од Invest Банка

Somebody ни пиша подолу во коментарите дека добил сличен мејл и од Invest Банка. Овој мејл е малку поубедлив од тој на ИК Банка, бидејќи мејлот од кој што е испратен е @investbanka.com.mk, но повторно е на англиски, повторно зборува за IP адреси. Somebody обезбеди и слика до каде води линкот постиран во мејлот што наликува како да е сајтот на investbanka но всушост води на друга страна. Bидете претпазливи со мејловите од банките.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии