Преточете аудио во текст со EasySpeech2Text

EasySpeech2Text e бесплатна алатка која релативно успешно конвертира аудио извори во текстуални документи, и обратно.

По преземање и инсталирање на алатката, едноставно вметнете го фајлот кој сакате да го конвертирате или кликнете на соодветното копче за да започне процесот. Во случај да сакате да конвертирате текстуален документ во аудио извор, имате на располагање машки или женски гласови.

EasySpeech2Text, како што можеби веќе претпоставивте, е добар само кога се работи за англискиот јазик. Што постандардизиран и појасен е изговорот, толку се подобри резултатите во текстуалната форма. Втора работа која морате да ја земете во предвид е ограничувачката природа во користење на алатката. Имено, конверзијата ви дозволува само пет минути аудио содржини, односно до илјада зборови, што знае да биде проблем за малку поамбициозни проекти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии