Преставен Google Music

Најавен уште во мај на I/O конференцијата, конкурентот на Apple iTunes, Google Music, конечно беше претсатавен. Всушност, претставен на американските корисници бидејќи сервисот сега за сега е достапен само во САД.

Google Music е сервис за складирање и слушање на музика, за купување и закачување песни, и слушање на таа музичка библиотека од сите уреди. Има опција за слушање на музика и кога сте офлајн.

За потребите на сервисот, Google стартуваше и музичка продавница на Android Market (не е достапна за .мк корисниците) која е целосно интегрирана со Google Music. Продавницата има над 13 милиони песни од различни артисти кои се претставувани од големите музички студија. Договор со студијата беше една од пречките зошто овој сервис не стартуваше порано.

Песните ќе можат да се купуваат од Android или PC и ќе бидат достапни од било каде, бидејќи, нели, ќе бидат закачени на облакот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии