Прескокнувајте низ YouTube видео користејќи ја тастатурата

Еве еден краток и корисен совет за навигација на YouTube видеа користејќи ги бројките на тастатурата, наместо глувче.

Пример, за да стигнете 2 за да стигнете до 20 отсто од видеото. Ова може да биде многу корисно за да се прескокнат рекламите. Сите бројки од 1 до 9 може да се искористат за да се скокне до одреден процент од видеото.

Вадсвортова константа

Неодамна, на еден Reddit пост беше поставено „интернет правило“ познато како „Вадсвортова константа“ според корисникот Вадсворт кој вели дека тој секогаш прескокнува 30 отсто од секое YouTube видео бидејќи сè пред тоа е „ѓубре“. По тоа што го забележав, Вадсвортовата константа важи за голем број видеа со корисничка содржина, филмски трејлери, но не и за музички видеа.

Мотивирани од ова правило, одредени корисници направија и букмарк (одбележувач) кој додава &wadsworth=1 на крај на URL-то на YouTube видео, и автоматски прескокнува 30 отсто од видеото.

Многу е полесно со користење на бројките, но ако сакате да го користите букмарклетот, само одвлечете го oвој линк на вашиот букмарк бар. Koдот е javascript:location.search+=(location.search?’&’:’?’)+’wadsworth=1′.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии