Преработените Google Sites овозможуваат лесно создавање на веб сајтови

Google Sites е редизајнирана и е достапна за сите, објави Google на својот блог. Со новата надградена платформа Google сака да го поедностави создавањето на веб-страници. Сајтовите кои се креираат се со респонзивен дизајн, а креирањето е едноставно како што треба да биде денес во ова модерно време, кога веб сајтот е неопходна алатка за секој бизнис.

Девелоперите на апликацијата неколку месеци работеа со група избрани партнери за подобро да ги оценат потребите на компаниите. Сервисот сега овозможува: следење на страниците со Google Analytics; можност за избор од шест различни теми; можности за дополнителни прилагодувања.

sitesmapgif

Како што се забележува и од самото промотивно видео, Google Sites е пред се сервис наменет за потребите на бизнис секторот. Креирањето на страници е лесно и брзо. Текстот може да се запише или да копира и додаде, сликите можат да се „drag & drop“ на страниците а потоа може да се растегаат за позиционирање.

Платформата овозможува колаборација на содржините и интегрирање со куп сервиси на Google. Google Calendar, Google Maps, фајлови од Google Docs и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии