Препорака за 4К-телевизор за буџет од околу 40.000 денари

На форумот има интересна дискусија за купување на 4К ТВ за буџет од околу 40.000 денари и за тоа кои се главните карактеристики на кои корисниците треба да внимаваат кога купувааат телевизор. Дискусијата ја започна членот Taurus барајќи препорака.

Првичните „влезни“ податоци кои мора да се разгледаат е буџетот и местоположбата од каде што ќе биде гледан телевизорот. Ова не се однесува единствено на растојанието туку и на аголот под кој се гледа телевизорот.

Подеднакво важни се и:

  • Квалитетот на слика
  • HD или Ultra HD
  • Агол на гледање
  • Контраст
  • Паметни карактеристики
  • 3Д и амбиентно светло
  • Гаранцијата

Се чини дека кај многу купувачи клучен сепак е буџетот, па врз база на тоа корисникот треба да си избере соодветен уред, односно уред кој за одредениот буџет го нуди најдобриот сооднос цена и перформанси. Важна е и резолуцијата, но доста телевизори маркетиншки промовираат добра резолуција иако квалитетот на слика не зависи исклучиво од неа.

„Џабе 4К кога  полоша слика имаат сите евтини 4К телевизори него добар Full HD од повисока класа.“, аргументира форум членот olikomerc кој како што знаеме е добар познавач на хардвер.

Со оваа изјава се сложува и членот gokica:

„И јас би ти препорачал да не купуваш 4К од буџет сегментот. Во пониски ценовни рангови само Full HD.“

Цената на телевизорите низ локалните продавници е релативно висока па корисниците кои инсистираат на добар 4К телевизор мора да се подготват за цена од над 45.000 денари.

Според искуствата и препораките од членовите на ИТ форумот, изборот за 4К телевизор достапен на нашиот пазар со минимум 48” за буџет од околу 40.000 денари се сведе на два модела кои се +7.000 денари над буџетот (без ценкање :) ):

image_thumb_600

Philips 49PUS7100

Една од препораките е Philips 49PUS7100 со следниве карактеристики:

  • 49″(124СМ) 4K Android 3D Телевизор
  • OS Android 5.0 (LOLLIPOP)
  • 4K Ultra HD резолуција – 3840 Х 2160
  • Пасивен 3D/2D – 3D Конвертирање
  • Pixel Precise Ultra HD;Natural Motion
  • 800 HZ Perfect Motion Rate
  • 2 Sided Ambilight
  • Quad Core процесор
  • Вграден Wi-fi, Miracast, Simply Share
  • Clear Sound, DTS Premium Sound – 20W RMS
  • DVB-T/T2/C/S/S2 MPEG4
  • Picture in Picture мод
  • Интерна меморија 16GB, можност до +64GB.
  •  4 Х HDMI, 3 X USB, SCART, COMPONENT, LAN
  • 3D Пасивни очила во комплет
  • Далечинско со Qwerty тастатура

Овој телевизор е достапен во Техномаркет по цена од 47.999 денари.


Друга опција која е препорачана во темата е LG 49UH668V моделот:

84057317-500x500

LG 49UH668V

Карактеристиките на овој 4К телевизор се:

• 49″(124cm)4K Ultra HD SMART LED TV
• Резолуција:(3840×2160)
• WebOS 3.0
• 1200 Picture Mastering Index
• 4K Upscaler,ULTRA Luminance
• MultiView,Internet Browser
• Magic remote
• Bluetooth sound Sync
• 3xHDMI,2xUSB 2.0,Cl
• DVB-T2/C/S2
• Вграден Wi-Fi

Уредот е достапен во Нептун по иста цена како и горниот Philips модел, 47.999 денари.

Друг член architect, кој неодамна ja земал 43” верзија на овој модел, сподели:

„Јас го зедов посочениот модел неодамна (43 инчен), подетално за овој модел истражуваше @olikomerc може да ти каже инфо за панелот, инаку ја сум презадоволен од преформансите. Не е нешто но тогаш на кратко во салон го снимив ова….“

Дали се согласувате со препораките дека овие два модела се најдобрите за тој буџет? Дали можеби имате ваше искуство да споделите? Тогаш посетете го ИТ форумот и споделете го вашето мислење…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии