Препорачајте Intel Core2Duo или Dual-Core процесор

Таква хардверска дискусија е и оваа тема која ja започна 01_Vlatce барајќи совет, мислење за квалитетен процесор за околу седум илјади денари.

„Дали Е7ххх, Е8ххх се преценети? Ме стави во дума Gremlin со постов, па сакам да чујам повеќе мислења.
И има ли разлика во перформанси помеѓу Intel Core2Duo и Dual-Core сериите реално?“ прашува тој.

Од тука дискусијата продолжи за квалитетот на E7xxx/Е8xxx процесорите, но и за разликата што е Cora2Duo и Dual-Core. Еве дел од споделените мислења, совети и објаснувања:

„Доколку планираш професионално да се занимаваш со видео-аудио обработка и планираш да го користиш процесорот за виртуелизација ( хардверски поддржана ) оди на Core 2 Duo E8xxx , во спротивно, за игри најдобар однос перформанси/цена има Intel Dual-Core E5xxx. Но, и софтверската виртуелизација не е толку лоша, туку напротив, може да постигне и подобри резултати.“ вели Zorandesign.

„Pentium Dual Core и Core 2 Duo се една иста архитектура. Разликата кај соодветните ревизии е во големината на кешот, брзината на магистралата и кај некои модели одредени (небитни за 99% од корисниците) инструкции. Физички имаат по две независни јадра кои се наоѓаат на еден ист чип. L2 кешот им е заеднички и преку него комуницираат двете јадра. Всушност тоа е еден битен адут за перформансите кај Core и Core2 архитектурите.“ објаснува gOJDO

„Intel доживеа голема популарност со брендот Pentium, па не сакаше да го убие. 65nm и 45nm верзиите на Core архитектурата со ознаки Е3ххх и Е5ххх (нискобуџетниот сегмент) реши да ги крсти „Pentium DualCore” за да си го зачува брендот. Како такви, немаат никаква допирна точка со старата Netburst архитектура и старите Pentium 4 и Pentium D процесори. Да нема забуни значи, денешните Pentium процесори се на Core архитектура, исто како и денешните Celeron процесори кои ги носат ознаките Е1ххх. “ вели Sephiroth.

Евентуално 01_Vlatce се предомисли, вели „работата тргна во друг правец“ и стартува нова тема за AMD матични плочи.

„Па да, и јас се замислив малку и заклучив дека е поисплатливо да преминам на AMD платформа отколку да купам Intel процесор. Инаку цените на гореспоменатите матични се приближно еднакви на сите, околу 4000 денари.“

… како и секогаш дискусијата продолжува на форум. Регистрирањето е бесплатно, а споделувањето знаење и искуства бесценето! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии