Премијата Рено Твинго по 30 години упорно играње

IT.mk редакција

во Спонзорирани

По 30 години, конечно ја дочека својата вистинска премија. Во продажното место на Ту би во скопско Драчево, Државна лотарија на Македонија ги додели клучевите и на 6то Рено Твинго од Инстант лотаријата Твингоманија 2.  Тие заминаа во рацете на скопјанецот Авзи Демири.  Тој е еден од најупорните играчи на игрите на среќа на ДЛМ. Редовно игра Новолото 7/34,  што резултирало со неколку добивки 4ки, а и една 5ка.  Последниот пат кога одлучил да игра Новолото,  наместо да го подигне остатокот од парите, се одлучил да купи Твингоманија 2.  Овој избор бил непогрешлив. По првиот лоз, за паричната добивка од 40 денари решил да продолжи да игра, по што следеле уште неколку лоза, се до 6тиот. Токму тој ги содржел трите идентични симболи кои на Авзи Демири ќе му овозможат да вози нов автомобил, премијата Рено Твинго во Твингоманија 2.

Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари.  Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд. Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно  40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.

Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија.

 

ЗА ДОБРО!

Државна Лотарија на Македонија

Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии