Премиерот Груевски како Обама, одговара Facebook прашања преку видео чет

Следејќи ги стапките на американскиот претседател Обама кој покажа дека политичарите треба да ги користат друштвените мрежи за директна комуникација со граѓааните, премиерот Никола Груевски преку видео чет одговораше на прашања поставени на неговата фан страна на Facebook.

Темата на дискусијата беше за „Предизвиците од глобалната рецесија и кризата во еврозоната врз Македонија”, а видеото во живо беше поставено на две Facebook страници, на страната на премиерот и новата фан страна на владата.

Тоа што е за пофалба е што ова користење на друштвените мрежи се случува надвор од изборниoт период. Претходно политичките партии се активираа на друштвените мрежи само пред избори. Тогаш се стартуваа блогови, Twitter профили и Facebook страници, но по изборите целата активност престануваше, а профилите се сведуваа на RSS фидови на вести од официјалните веб страни.

Премиерот Груевски, заедно со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски кој претходно имаше и тој своја видео чет сесија со Facebook корисниците, го имат потенцијалот и функцијата да станат .мк пример и за другите политичари, како од својата партија, но и да да ја мотивира опозицијата за да ги искористат друштвените мрежи и блоговите за да можат поотворено да комуницираат со граѓаните, наместо таа комуникација да се сведува на прес-конференции пренесени во 2 минутен новинарски тв прилог или текст во весник од 300 збора.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии