Прелистувајте и средувајте фотографии со FastStone Image Viewer

На прв поглед, FastStone Image Viewer нема што да понуди, особено кога ќе го посетите сиромашниот сајт за негово преземање. Но, овој програм за преглед и манипулација со дигитални фотографии крие слоеви и слоеви комплексност, уредно спакувани во бесплатен пакет од корисни алатки.

Неинспиративниот и застарениот интерфејс дефинитивно нема да освои награди, но во поглед на функционалност имате бројни алатки за прелистување фотографии, нивно споредување, отстранување на ефектот црвени очи,  намалување на големината, отсечување делови од фотографијата, како и подесување на боите. Згора на ова, за импресивно и динамично автоматизирано прикажување на фотографии (slideshow) имате на располагање над 150 ефекти за премини (transitions). Во одделот со алатки (Tools) можете групно да конвертирате или именувате фотографии, да ротирате формати без да ја загрозувате квалитетот, да ја намалите големината преку отстранување на метадата, но и да споредувате една со друга слика преку паралелни прикази. Убавината кај оваа алатка е што може да прегледувате Corel, Photoshop, Ilustrator и слични фајлови како обични JPEG фотографии.

Најновата 6.1. верзија на FastStone Image Viewer ја подобрува алатката за исправување, односно ротирање фотографии и ви дозволува да ротирате и отсекувате директно и во истиот прозорец. Опциите дополнително се проширени со Auto Next Folder и Remember Last Viewed File, како би се олесниле и забрзале вашите прелистувачки навики, а во поглед на зумирање, имате два нови филтри – Lanczos_Softer и Bilinear. Верзијата е пропратена и со серија исправки и подобрување на перформансите при користење на апликацијата.

FastStone Image Viewer е бесплатен за користење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии