Прелистувајте додека гледате видео со Eagle Eye

Picture in Picture или PiP е режим кој ви дозволува да гледате видео преку еден, мал екран додека работите на друг, главен екран. Ова, повеќето би се сложиле, е одлично нешто додека прелистувате сè и сешто. Но, многу сајтови не дозволуваат PiP и обично едно видео не можете да го гледате во исто време додека сурфате, освен доколку го поделите екранот и вклучите две инстанци на прелистувач каде, пример, од левата прелистувате, а од десната гледате видео.

Eagle Eye е Chrome екстензија која ќе ви дозволи да ја издигнете вашата прокрастинација на едно повисоко и помодерно ниво. Имено, кога ќе наидете на некое видео кое сакате да го гледате кликнете на него додека го држите копчето Alt. Видеото инстантно ќе се вдоми во посебен прозорец кој може да се поместува каде било низ вашиот екран. Доколку пак кликнете на видеото додека држите комбинација од копчињата Alt и Shift видеото ќе биде отворено без звук. Имаме специјално за вас уште една кратенка, а тоа е паузирање и продолжување на видеото со Alt + /

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии