Девелоперите ќе прават екстензии за Microsoft Edge; првата е AdBlocker

Прелистувачот кој доаѓа со Windows 10, Microsoft Edge наскоро ќе биде достапен со екстензии. Поточно екстензиите се веќе достапни, но само за учесниците во Insider програмата. Наскоро би требало да бидат достапни за сите.

Една од првите екстензии кои ќе бидат достапни ќе бидат AdBlock Plus, а креаторите на екстензијата веќе потврдија дека ќе биде достапна за преземање. Сепак иако се сметаше дека AdBlock ќе биде интегриран во Edge, ова нема да биде случај, објасни Microsoft за ZDNet. Мал показател за важноста која Microsoft им ја придава на екстензиите е што ги стави на прво место на листата на работи кои треба да се направат за Edge. Интересно покрај ова на четврто место на оваа листа е креирање на AdBlock екстензија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии