Прегледувајте слики и видеа во новиот редизајниран Dropbox

Сервисот за складирање фајлови во облакот, Dropbox, стартува нов интерфејс кој ќе овозможи поедноставно користење и прегледување на фотографии и видеа.

Функционалноста на сервисот останува иста. Со Dropbox може да зачувување фајлови на веб од вашиот компјутер до кои потоа може да пристапите од било каде. Тоа што е ново е редизајнираниот интерфејс кој овозможува сортирање на фајлови по име, вид и датум на модифицирање, т.е. закачување.

Додека прегледувате фотографии и видеа во Dropbox сега ќе може веднаш да ги споделите, симнете или избришете, без да ги пребарувате во самиот сервис. Ова дефинитивно ќе ја олесни работата на дизајнерите или фотографи кои го користат сервисот за споделување свои дела. Друго одлична нова функционалност е повлечи и спушти (drag-and-drop) закачувањето на фајлови. Според Dropbox, ова се само првите чекори. Во наредниве месеци се очекуваат уште новини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии