Прегледајте ги рекламите пред да ги објавите со Facebook Demo Tool

Facebook Demo Tool е алатка со која фан страните и огласувачите ќе можат да го прегледаат изгледот на спонзорираните приказни и премиум рекламите пред да бидат објавени. Facebook дозволува во демото да се додаде слики за профилот, почетна слика и други детали за да се направи порелеан изглед од вистинскиот профил. Тоа помага при прегледување на изгледот на рекламите пред да бидат пуштени јавно.

Aлатката може да им користи на огласувачите кои не се доволно запознаени со новиот формат на реклами на друштвената мрежа. За среќа, Facebook неодамна претстави и Marketing Classroom каде може да се научи повеќе за рекламите и како да се користат правилно.

Тоа што е еден од поинтересните можности на Demo алатката е што прикажува и како ќе изгледаат премиум рекламите на мобилен телефон. За разлика од спонзорираните приказни кои се поставени десно од фидот, премиум рекламите се над останатите постови во фидот за вести.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии