Префрлувајте музика од iTunes во кој било плеер со Dapper

Мартин Јованчевски

во Совети, Софтвер

Оние кои имаат Apple направа знаат дека е вистински пекол кога треба да се префрли колекцијата од музички фајлови на некоја друга направа која не е Apple. Tаквата музика е во формат кој не може да биде прочитан од повеќето плеери кои не припаѓаат на Apple линијата од производи.

Dapper е апликација која ја анализира вашата iTunes музичка колекција, ја конвертира и ја прави целосно компатибилна за репродукција на каква било направа. Но, по цена од 31 долар. Ова, за жал, не е бесплатен програм, а и некако не се труди целосно да ја оправда цената и да ви дозволи лесно и автоматизирано завршување на ваквите обврски. Имено, за да го користите Dapper потребно е да создадете првин фолдер за плејлиста во iTunes и да го именувате Dapper.

Потоа, секоја плејлиста која ќе ја вметнете во тој фолдер ќе биде синхронизирана со вашата направа и соодветните фајлови ќе бидат копирани. Немојте премногу да се опуштите затоа што потоа треба да инсталирате втора апликација за да ги додадете потребните конвертери и скрипти, а и треба да влезете во iTunes preferences и да овозможите споделување на вашите XML податоци од iTunes библиотеката со други апликации. Искрено, потребата за вакво нешто може да отргне одредена група од корисници, но е апсолутно задолжителна доколку сакате најлесно да го користите Dapper. Следните чекори се исклучително едноставни и се заснваат на преместување на плејлистите кои сакате да ги споделите во вашиот Dapper фолдер со плејлисти. Пред да кликнете на Go за да започне синхронизацијата, погрижете се песните навистина да се наоѓаат во вашата направа и да се правилно врзани со самата плејлиста.

Бесплатното демо за Dapper го имате тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии