Префрлајте огромни документи со Justbeamit

Колку пати до сега ви се случило да сакате да споделите со вашите пријатели огромни документи, но не сте можеле, па сте морале со USB да одите до кај нив, или да чекате денови да ви го вратат назад? Со веб апликацијата Justbeamit од сега ќе можете да префрлате големи документи без да морате да го натрупувате вашиот Dropbox.

Justbeamit е веб апликација која ви овозможува да закачите документ, да добиете линк до тој документ, и да му ја испратите на некој пријател. Интересното со оваа апликација е тоа што за разлика од другите апликации за трансфер на податоци, процесот на префрлање е многу едноставен.

Сè што треба да направите е да го повлечете документот кој сакате да го споделите во вашит веб прелистувач, и веб апликацијата ќе ви даде линк кој треба да ја испратите на вашиот пријател. Во веб апликацијата ќе ви биде прикажан прогресот на закачување на документот, а кога ќе заврши, ќе ви се појави знак за чекање, што значи дека веб апликацијата чека на примателот да го преземе документот.

Justbeamit е многу едноставна апликација, меѓутоа има и недостатоци. Лошата работа е тоа што оваа веб апликација е како порта, па така тој што го испраќа документот не смее да ја напушти страницата додека не заврши преземањето, и откако ќе се напушти страната, линкот за преземање е неупотреблив.

3 коментари на “Префрлајте огромни документи со Justbeamit

  1. Повеќе би реков за префрлање на помали фајлови само за еден корисник. Ако е пример малце поголем на примателот можи ќе му падни интернетот, ќе снема струја, ќе му се исклучи пребарувачот и X други сценариа. dropbox the best

  2. Баш напротив е добра работа тоа што го снемува линкот поради сигурност претпоставувам… и секако според мене не е мана туку само недостаток на опција за селектирање на перманентност или привременост.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии