Предводени од Spotify, сервисите за стримање ја променуваат музичката индустрија

IFPI ги објави податоците за приходите на музичката индустрија во 2013 година, кои покажуваат дека веб сервисите за стримање музика како Spotify, Deezer, Rdio и други, забележаа пораст од 51 отсто во заработувачката и за прв пат стигнааа до милијарда долари.

Бројот на корисници на веб и мобилните сервиси сега е 28 милиони, што е пораст од 20 милиони слушатели во споредба со 2011 година кога само 8 милиони корисници плаќаа претплата на музичките канали. Дури половина од овие корисници доаѓаат од Spotify и Deezer, јавува Guardian.

Сепак и покрај добрите бројки кои ги постигнаа стриминг сервисите музичката индустрија забележа пад во приходите, предизвикан од 16,7 процентниот пад во Јапонија. Продажбата на плoчи и дискови продолжува да паѓа, овој пат за 11,7 отсто, а оваа година за 2,1 отсто е намалена и продажбата на дигитални копии. Сепак и покрај падот продажбата на физичките копии останува над 50 отсто од заработката во индустријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии