Предвидување: До 2045 година најразвиен вид на Земјата ќе бидат машините

До 2045 година луѓето повеќе нема да бидат најразвиен вид на Земјата туку машините, предвидува авторот на The Artificial Intelligence Revolution, Луис Дел Монте во интервју за Business Insider.

„Денес не постои законска обврска за тоа колку може да бидат паметни машините, колку интерконектирани можат да бидат. Доколку ова продолжи, погледајте го експоненцијалниот тренд. Ќе стигнеме до точка која многу од експертите ја предвидуваат. Од оваа точка најразвиен вид нема да бидат луѓето, туку машините“

Очекувањата се дека моментот кога ќе се случи ова е за три децении, најголем број од предвидувањата се дека 2040 ќе биде годината каде машините ќе не надминат, но г. Дел Монте предвидува дека ова ќе се случи  во 2045.

Според неговите превидувања сценарио како од „Terminator“ ќе не одмине, но машините ќе се обидат да ги направат луѓето киборзи. На дел од ова веќе сме сведоци, вештачки екстремитети кои се контролираат со помош на мозочни бранови, па дури до некој степен Google Glass кои овозможуваат проширена реалност постојано носејќи податоци кои во општ случај се проширување на знаењето и податоците кои ги имаме.

„До крајот на векот најголемиот дел од луѓето ќе бидат киборзи. Бесмртноста ќе биде привлечна. Машините ќе направат неверојатни откритија во медицината, повеќето од луѓето ќе имаат повеќе слободно време, а ние ќе мислиме дека никојпат не било подобро.“

Луѓето на машините ќе гледаат како на корисна алатка кој ја зголемуваат продуктивноста. Ќе имаат повеќе слободно време и ќе сметат дека никоgаш не било подобро, но машините на луѓето ќе гледаат како непредвидливи и опасни суштества, суштества кои креираат вируси и војни, поточно соседи кои никој не ги посакува.

Целосното интервју прочитајте го на Business Insider.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии